Достапни линкови

Кавга меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за партиските вработувања


Општините Куманово, Охрид и Струмица со кои раководат градоначалници на СДСМ, за само две недели распишаа огласи за ангажирање 98 нови вработувања, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски. Тој обвини за масовни партиски вработувања во овие општини во пресрет на локалните избори, додека, како што вели, јавните претпријатија им тонат во долгови. СДСМ во писмена реакција посочува дека сите вработувања на централно и на локално ниво што владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ги реализирала од 2006 година наваму се партиски со предизборни цели. Во продолжение е наведено дека обвинувањата за вработувања на партиски лица во општините со кои раководат градоначалници на СДСМ, е префрлање на одговорноста за партизација на јавната администрација од страна на ВМРО – ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG