Достапни линкови

Социјална помош само за вистински социјалци


Со новата програма за соодветно детектирање се настојува да се намалат, ако не и да се елиминираат, злоупотребите од поединци кои примаат надоместок, а не се социјално загрозени, велат во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.

Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово најновите податоци укажуваат на намалување на бројот на корисници на надоместок по основ на социјална парична помош. Особено што Центарот ги покрива трите општини – Куманово, Липково и Старо Нагоричане, односно нешто повеќе од 130 илјади жители. Со оглед на тоа, и бројот на работоспособните корисници е околу четири илјади, а работонеспособни - 640 жители, вели Даниел Живачки, директор во Центарот.
Во оној случај кога ќе дојдеме до податоци и докази дека од некои лица постои злоупотреба на користење на правото на социјална заштита, им се ускратува правото, а воедно и согласно Законот за социјална заштита треба да ги вратат парите кои ги примале неосновано.
Даниел Живачки, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.

Тој додава дека и оваа бројка не е мала, но основниот износ од околу две илјади денари за оние кои егзистираат од тие пари е ништо, велат корисниците. Живачки вели дека со новата програма за соодветно детектирање на социјално загрозените лица, односно семејства и меѓусебна соработка на институциите кои располагаат со сите податоци, се настојува да се намалат, ако не и да се елиминираат злоупотребите од поединци кои ги има и често пати и се шпекулира дека примаат надоместок, а далеку се од социјално загрозените.
Даниел Живачки, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.
Даниел Живачки, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.

РСЕ: Дали откривате такви случаи?

„Секако, во оној случај кога ќе дојдеме до податоци и докази дека од некои лица постои злоупотреба на користење на правото на социјална заштита, им се ускратува правото, а воедно и согласно Законот за социјална заштита треба да ги вратат парите кои ги примале неосновано. Во таа постапка Центарот оди со спогодбено враќање доколку лицето прифати, а во спротивно, по судска постапка, со пресуда, задолжување и присилно извршување на таквите одлуки.“
Дали лицето поседува моторно возило, дали не го отуѓил во последните шест месеци, дали има одредени приходи ќе се утврди од УЈП, системот ќе се поврзе со Агенцијата за вработување, со Агенцијата за земјоделие во врска со субвенциите.
Даниел Живачки, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.

Живачки додава дека со исплата преку трансакциска сметка и новата програма, сите неопходни податоци за корисникот на помошта ќе бидат лесно достапни, така што лесно ќе се открие злоупотребата:

„Дали лицето поседува моторно возило, дали не го отуѓил во последните шест месеци, дали има одредени приходи ќе се утврди од УЈП, системот ќе се поврзе со Агенцијата за вработување, со Агенцијата за земјоделие во врска со субвенциите. Имено, ќе имаме контрола дали лицето има земјиште или владее и по било кој основ го користи земјиштето и од државата добива субвенции.“

Во Куманово, каде индустријата одамна е во колапс, бројот на невработените е голем, но не е мал ниту бројот на таканаречените модерни печалбари во Авганистан, па се наметнува прашањето дали поради тоа се очекува бројот на корисниците на социјална помош да се намали.

„Верувам дека бројката е намалена доколку од нив имало корисници на социјална помош, а и економијата на тој начин е релативно подобрена“, вели Даниел Живачки, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Куманово.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG