Достапни линкови

Распишана меѓународна потерница за двајца осомничени за „Монструм“


Распишана е меѓународна потерница за двајцата осомничени за случајот „Монструм“, а целокупната документација што ја има МВР за случајот „Монструм“ е предадена на надлежните институции, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Таа истакна дека нема да открива дополнитени детали во интерес на судскиот процес кој треба да започне.
Во врска со пресметка што се случила синоќа во Тетово при која е убиен еден маж, а двајца се ранети, таа изјави дека неколку часа од самиот настан полицијата презела соодветни дејства при што одреден број лица се повикани на разговор и по завршувањето на сите активности и расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
XS
SM
MD
LG