Достапни линкови

Дневен печат - Власта не сака парламентарни, заедно со локалните избори


Митинг на здружената опозиција, обединета во Сојуз за иднината на Македонија на 28 октомври 2012 во Скопје.
Митинг на здружената опозиција, обединета во Сојуз за иднината на Македонија на 28 октомври 2012 во Скопје.

Митингот на здружената опозиција во Скопје и барањето предвремени парламентарни избори - главна тема во весниците.

По неделниот голем митинг во Скопје на опозицискиот Сојуз за иднината, атмосферата продолжува да е предизборна и во медиумите, иако е само средина на есента.
Опозицијата бара паралелни избори и референдум за името, власта експресно одби - блеф или смислена стратегија на Црвенковски?
Дневник.

„Опозицијата бара паралелни избори и референдум за името, власта експресно одби - блеф или смислена стратегија на Црвенковски?“ - гласи еден од насловите во Дневник; „Груевски нема да му ја исполни желбата на Црвенковски - Ставрески порача дека во март ќе има само локални ибори“ - насловува Утрински;

„Секоја партија има своја изборна математика - освен во повиците на здружената опозиција на скопскиот плоштад, зборот ’избори‘ се среќава во повеќе контексти - еден од главните е нарушените меѓукоалициски односи ВМРО-ДПМНЕ - ДУИ, но и позитивниот извештај на Европската комисија“ - пишува Нова Македонија.
Потонавме во кризата, каде е излезот - падот на индустриското производство најмногу ја отсликува состојбата во која се наоѓа македонската економија, никој не знае кога таа ќе излезе од кризата.
Утрински весник.

Утрински исто така пишува дека бранителите ќе ги расипат изборните калкулации - позиционирањето на владејачката партија и на СДСМ на една, а на ДУИ и ДПА на друга страна ќе влијае на гласачите во определбите кого да поддржат, но и на крајниот резултат на локалните избори. Ден насловува: „Нема спас од амандманите - ВМРО-ДПМНЕ без решение за блокадата од страна на ДУИ“; Утрински наведува дека ДУИ ги нападнал бранителите со 15 илјади амндмани на Законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

Умерен раст на економијата догодина, меѓу највисоките или највисок во регионот, но под потенцијалната стапка што Македонија ја има или ја оствари пред кризата - се владините проекции за 2013 година, искажани преку вицепремиерот Ставрески. Утрински со анализа: „Потонавме во кризата, каде е излезот - падот на индустриското производство најмногу ја отсликува состојбата во која се наоѓа македонската економија, никој не знае кога таа ќе излезе од кризата“. Истиот весник објавува дека и покрај малите плати и огромната стапка на сиромаштија, во земјава има пораст на штедните влогови на граѓаните - над 2,7 милијарди евра изнесуваат нивните депозити во банките.

Од односите со соседите: Дневник пишува за условената поддршка од Бугарија за нашите евроинтеграции, дека нема да биде по секоја цена; Утрински наведува дека бугарскиот претседател му се пожалил на еврокомесарот Филе дека Македонија спроведува пропаганда, а не реформи.

Нова Македонија потсетува на изјавата на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан дека Нишкиот договор не може да биде основа за продолжување на преговорите со СПЦ - како одговор на српскиот патријарх Иринеј дека дијалогот треба да се води врз основа на поранешните договори.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG