Достапни линкови

Попоски: Грција ќе добие одговор на меморандумот


Формалниот одговор на меморандумот од Грција ќе следи многу брзо, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој вели дека Македонија максимално се труди да има позитивен одговор на сите иницијативни и идеи кои ќе придонесат за интегрирањето кон ЕУ. Министерот вели дека одговорот на меморандумот треба да се биде непристрасен, односно да се земат предвид сите оние непристрасни оценки за било која разлика.
Што се однесува до дефинирањето на „раната фаза“ ако Грција прифати да почнат преговорите со ЕУ, а прашањето за името да се решава во раната фаза, Попоски вели дека мора да се почитува едно воспоставено правило во рамки на ЕУ, дека билатералните прашања имаат третман на билатерални.
XS
SM
MD
LG