Достапни линкови

Февруарските пензии повисоки за 550 денари


Владата донесе одлука за покачување на пезиите за 5 проценти односно од февруари сите пензии ќе бидат покачени за 550 денари. Ова покачување ќе влезе во основицата на пенизјата. Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски изјави дека најавеното покачување на пензиите за 5 проценти ќе се однесува на целата сума исплатени пензии во тој месец и потоа ќе се распредели линерално, односно поеднакво на секој пензионер. Ова покачување од 5 проценти ќе биде реализирано, откако претходно на почетокот на годината пензиите ќе се усогласат со порасот на платите и трошоците на живот, со кое пензиите ќе се зголемат за 2 проценти, изјави Ристовски.
XS
SM
MD
LG