Достапни линкови

Белорускиот пограничен шеф стана вицепретседател на Олимиски Комитет


Поранешниот шеф на пограничната служба во Белорусија Ихар Рачковски стана вицепретседател на Олимпскиот комитет. Тој претходно беше сменет од функцијата откако шведски авион го злоупотреби белорускиот воздушен простор прелетувајќи на Белорусија и испуштајќи кадифени мечиња со порака за поддршка на белоруските дисиденти и опозиција. Оттогаш односите меѓу Шведска и Белорусија се затегнати, затоа што властите во Минск го протераа шведскиот амбасадор. Минатата недела претседателот Александар Лукашенко го отпушти министерот за спорт затоа што на Олимписките Игри во Лондон наместо ветените 25 медали донеле 12 вклучувајќи и дава златни.
XS
SM
MD
LG