Достапни линкови

logo-print

Казни за отпуштање бремени жени од работа


Илустрација.

Илустрација.

Со новите измени во работното законодавство ќе се забрани дискриминација на жената при вработување.

Новите измени кои ги најави Министерството за труд и социјална политика со кои ќе се забрани дискриминација на жената при вработувањето, за упатените се позитивен чекор во остварување на поголема заштита на женските права. Истражувањето на Министерството покажало дека околу 66 насто од жените не ја добиле работата за која аплицирале, бидејќи кажале дека планираат да имаат деца.
Сега во функција на заштита се и синдикатот и инспекторатот за труд и таквата одлука на работодавачот е ништовна, значи имаме веќе целосна заштита на тој план

Лилјана Јанкуловска од Секцијата на жени при ССМ вели дека работодавачот повеќе нема да смее да прашува дали жената планира бременост или, пак, да добие отказ доколку е бремена.

„Едноставно, таквите права сега работничката може многу повеќе и поуспешно да ги остварува. Сега во функција на заштита се и синдикатот и инспекторатот за труд и таквата одлука на работодавачот е ништовна, значи имаме веќе целосна заштита на тој план“, вели Јанкуловска.
Тие, доколку се квалитетни и доколку почувствуваат дека се сигурни, дека работодавачот ќе ги задржи или ќе ги вработи и во ваква состојба, тогаш тие остануваат лојални за целиот работен период. Тогаш веќе имаме и многу поголема продуктивност.

Претседателот на конфедерацијата на работодавачи Миле Бошков вели дека во земјава почитувањето и спроведувањето на законите се две различни работи. Според него, проблемот е во тоа што некои работодавачи се заинтересирани само за профит, а не за инвестирање во човечки капитал, што е неопходно за развој на компанијата.

„Пред сè, човечкиот капитал е многу битен, треба да се внимава на луѓето, треба да се инвестира на долгорочен план и кога станува збор и за жени кои веќе стапуваат во работен однос и кои се во прва или во поодмината фаза на бременост, меѓутоа тие, доколку се квалитетни и доколку почувствуваат дека се сигурни, дека работодавачот ќе ги задржи или ќе ги вработи и во ваква состојба, тогаш тие остануваат лојални за целиот работен период. Тогаш веќе имаме и многу поголема продуктивност“, вели Бошков.

Според Јанкуловска, жените треба да ги користат сите средства кои им се достапни за заштита на нивните права.

„Само треба да се охрабрат работничките да се обраќаат до синдикатот и до инспекторите за труд за остварување на овие права што сега веќе ги гарантира Законот за работни односи.“

Министерството предложи и товарот на докажување во случај на дискриминација на жената да го сноси работодавачот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG