Достапни линкови

Обраќање на Клинтон во парламентот во Тирана


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во рамките на блаканската турнеја, денеска е во посета на Албанија. Покрај разговорите со државниот врв, предвидено е таа да има обраќање во парламентот. Вчера во Загреб, Клинтон оцени дека Хрватска е модел за демократија за останатите земји од Балканот и изрази задоволство што таа земја, покрај членството во НАТО, наскоро ќе стане и членка на Европската Унија. Сепак, таа нагласи дека Загреб сеуште треба да работи врз сузбивањето на корупцијата и организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG