Достапни линкови

Власта во Украина победник на изборите


По 99 насто од пребројаните гласови од неделните парламентарни избори во Украина, владејачката Партија на регионите освоила нешто над 30 насто, соопшти Државната изборна комисија. Според тоа, партијата на Јанукович ќе има најмалку 187 места од вкупно 450 колку што брои украинскиот парламент. Се очекува коалиција со Комунистичката партија, со што, Партијата на регионите ќе обезбеди мнозинство во парламентот. Партијата на затворената екс премиерка, Јулија Тимошенко освоила 103 места во парламентот. Посматрачите на ОБСЕ и Соединетите Држави оценија парламентарните избори во Украина не беа фер и демократски.
XS
SM
MD
LG