Достапни линкови

logo-print

Клинтон смета дека на Сирија и се потребни нови опозициски лидери


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека сака да види промена во лидерството на сиријската опозиција. Таа додаде дека време е да се тргне понатаму со избирање на замена за протераните сиријски опозицвионери од Сиријскиот национален совет и на нивно место да се назначт жители на земјата кои се борат и умираат во конфликтот против претседателот Башар ал Асад. Клинтон, која е во официјална посета на Хрватска, изјави дека новите лидери на опозицијата треба да ги претставуваат сите и да ги спречат исламските милитанти кои се обидуваат да ја искористат револуцијата во сопствена полза.
XS
SM
MD
LG