Достапни линкови

Евакуирана болница во Њујорк


Oколу 500 пациенти беа евакуирани од болница во Њујорк поради штетите од бурата Сенди во која настрадаа 70 жители на Соединетите американски држави. Станува збор за болничкиот центар Белевју во Менхетен каде се примаат итни случаи. Евакуацијата се организира откако вода навлегла во подрумот на зградата со што се попречила работата на генераторите кои ја снабдуваат болницата со струја.
XS
SM
MD
LG