Достапни линкови

Осомничените за „Монструм“ обвинети за тероризам


Апсењето на осомничените во случајот со петкратното убиство во Смиљковци, кај железарското езеро

Апсењето на осомничените во случајот со петкратното убиство во Смиљковци, кај железарското езеро

Петмина од обвинетите во случајот наречен „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро, се обвинети за тероризам а шестиот приведен ќе одговара за соучесништво. Во обвинението е наведено дека обвинетите имале цел да предизвикаат несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување на страв кај граѓаните.

Еден од адвокатите на обвинетите Насер Рауфи денеска изјави дека како мотив во обвинението било наведено дека еден од обвинетителите бил огорчени зошто излетници престојувале во неговиот приватен имот. Тој смета дека обвинителството нема докази за делото за кое ги товари обвинетите, немало ниту биолошки траги, ниту, ДНК, ниту е најдено оружјето, единство имало снимени разговори меѓу обвинетите.

На 12 април кај Смилковското езеро беа убиени четири млади момчиња и еден повозрасен маж. Тројца од осомничените се во притвор, двајца се во бегство за кои полицијата се сомнева дека избегале на Косово. Во истрагата беше испрашан и заштитен сведок, додека претходниот заштитен сведок во истрагата побара да му го одземат статусот на сведок и сега е обвинет за помагање во тероризам.
XS
SM
MD
LG