Достапни линкови

Меркел:ЕУ е искрен партнер во преговорите со Турција


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ е „искрен партнер во преговорите за пристапувањето“ со Турција и покрај тоа што таа со тоа не се согласува. Таа по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека разговорите за 25 годишниот напор на Турција да пристапат во ЕУ ќе продолжат и покрај тоа што се уште има прашања кои треба да се дефинираат и решат.
Вчера Ердоган изјави дека Турција може да го загуби интересот да стане членка на Унијата доколку тоа не се случи до 2023 година кога земјата прославува стогодишнина од постоењето на турската република. Турција аплицираше за приспаување кон Унијата во 1987 година а во 1999 година доби кандидатски статус.
XS
SM
MD
LG