Достапни линкови

logo-print

Амнести Интернешнл: Република Српска да исплати оштета на жртвите од војната


Меѓународната организација за заштита на правата на човекот Амнести интернешенел побара од Република Српска да им исплати отштета на жртвите на масовните силувања за време на војната во БиХ, јавуваат српските медиуми.
Директорот на организацијата за Европа и Централна Азија, Џон Далхојзен, изјави дека властите во босанската република треба да го утврдат бројот на жртвите на силувања за време на војната и да им ја укажат потребната помош и поддршка.Тој додаде дека властите и медиумите во Република Српска ги игнорираат страдањата на жените, кои ги преживеле масовните силувања за време на војната во БиХ од 1992 до 1995 година. Според преценка на Амнести интернешенел, за време на војната во БиХ се силувани меѓу 20.000 и 50.000 жени.
XS
SM
MD
LG