Достапни линкови

МПЦ ја поздравува изјавата на Николиќ


Изјавата на српскиот претседател Томислав Николиќ за брзо решавање на српско-македонскиот црковен спор е добродојдена за продолжување на дијалогот соопшти денеска синодот на МПЦ.
Портпаролот на МПЦ митрополитот Тимотеј изјави дека синодот на денешната седница разговарале за последните иницијативи за раздвижување и продолжување на црковниот дијалог меѓу двете сестрински православни цркви за надминување на долгогодишното прашање за афтокефалноста на македонската црква. Тој изјави дека се надева оти политичките изјави ќе помогнат во продолжување на прекинатиот дијалог меѓу двете цркви.
Светиот архиерејски синод на МПЦ се надева дека преговорите со СПЦ би можеле да продолжат во скора иднина, но без какви и да било условувања, а со посредство и на државните фактори од земји.
XS
SM
MD
LG