Достапни линкови

Ердоган побара помош од Германија за сириските бегалци


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Советот за безбедност на Обединетите Нации треба да одлучат дали треба да се воведе санкција за забранети летови кон Сирија. Ердоган при неговата посета на Берлин изјави дека конфликтот во Сирија е „катастрофа“ и побара помош од Германија во справување со илјадниците сириски бегалци кои преку границата пристигнуваат во Турција.
Претставникот на Обединатите Нации и Арапската Лига Лакдар Брахими денеска се сретна во Пекинг со кинескиот министер за надворешни работи Џанг Џиечи во обид да обезбеди кинеска помош за се реализираат меѓународните напори за сопирање на насилството во Сирија. Активистите за човекови права соопштија дека над 35 илјади луѓе загинале во изминативе 19 месеци откако е започнат конфликтот.
Најмалку 6 луѓе загинале денеска при последните бомбашки напади.
XS
SM
MD
LG