Достапни линкови

САД се враќа во нормала по Сенди


Започна чистењето на градовите кои беа погодени од ураганот „Сенди“.
Ураганот предизвика поплави и материјални штети предизвикани од водата и силните ветришта. Аеродромите во Њујорк повторно се отворени за летови, но во ограничен број.
Американската влада и берзата по два дена пауза повторно се вратија на работа. Властите соопштија дека може да бидат потребни месеци за да се закрепне од штета што ја предизвика ураганот.
Ураганот зад себе остави 43 жртви во Северна Америка и 67 на Карибите. Над 8 милиони граѓани и натаму се без електрична енергија. Според првичната проценка штетатa изнесува од 7 до 15 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG