Достапни линкови

Битола нема дежурна аптека која ќе работи 24 часа


Битолчани велат дека има потреба од таква аптека. Во Битола седум години нема државна аптека, а опстојуваат 60-тина приватни. Но, ни една од нив не дежура во вечерните часови, односно после 22 часот.

Битола нема дежурна аптека која ќе работи 24 часа. Битолчани реагираат дека кога во вечерните часови бараат лекарска помош во здравствените установи, често им се препишуваат и лекови кои треба да ги набават, а до на утро нема од каде да ги купат.
Има граѓани кои ноќе имаат потреба од таа услуга, тоа се пациенти, болни.


„Има граѓани кои ноќе имаат потреба од таа услуга, тоа се пациенти, болни.“
Аптека-илустрација.

Аптека-илустрација.


„Порано се сеќавам имаше таква аптека и играше важна улога.“

„На пример во Америка има дежурни аптеки, кои се државни“, велат битолчани.
За да се организира ноќна смена треба дополнителни трошоци, и тоа ангажман на фармацефт, техничар, а прометот во вечерните часови не е голем.

Во Битола седум години нема државна аптека, а опстојуваат 60-тина приватни. Но, ни една од нив не дежура во вечерните часови, односно после 22 часот. Сопствениците на аптеки велат дека дежурствата значат дополнителен трошок, а во вечерните часови аптеките оставруваат минимален приход.

„За да се организира ноќна смена треба дополнителни трошоци, и тоа ангажман на фармацефт, техничар, а прометот во вечерните часови не е голем“, вели Никола Сојановски, фармацевт од Битола.

Аптеките избегнуваат да работат ноќна смена и од причини што во вечерните часови најчесто се посетени од наркозависници. Директорт на Бирото за лекови, Илчо Захариевски, вели дека дали аптеките ќе дежураат зависи од нивниот профит и добра волја, а нема законска одредба која ги обврзува да држат трета смена.

„Искуството од другите градови покажува, ете во Скопје има две дежурни аптеки, во нив во вечерните часови многу е мал прометот и многу е мал бројот на рецепти, бидејќи Итната медицинска помош си покрива комплетно се. Доколку аптеката процени дека може и сака да работи ноќе, нема пречки тоа да го направи. Инаку нема законска обврска аптеката да организира трета смена“, вели Захариевски.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG