Достапни линкови

Кондарко: ДИК изненадена од критиките на Владата


Државната изборна комисија посветено работи на прочистувањето на Избирачкиот список во согласност со надлежностите што ги има, изјави денеска претседателот на комисијата Борис Кондарко.
Ова следува како одговор на вчерашното владино соопштение во кое беше наведено дека комисија не ги почитува роковите за прочистување на Избирачкиот список.

Кондарко изјави дека на прочистувањето на овој документ работи работна група во рамките на Управниот комитет на Владата во која имаат свои претставници надлежните министерства, Секретаријатот за европски прашања, ОБСЕ, ЕУ, Амбасадата на САД, на невладината МОСТ, како и политичките партии.

Тој додаде дека според податоците што ги добиле од МВР над 100 илјади граѓани кои живеат во земјава немаат извадено биометриски лични документи, овие лица нема да можат да бидат ставени во избирачкиот список, ниту пак да гласаат.


Владата на тоа реагираше со писмено соопштение во кое е наведено дека носител на обврските е ДИК и дека комисијата немала никакви забелешки на роковите.
Во продолжение е наведено дека сите институции навремено ги доставиле податоците освен ДИК.
XS
SM
MD
LG