Достапни линкови

Бугарскиот претседател се жали од Македонија кај Филе


Македонија да престане да води антибугарска политика, побара бугарскиот претседател Росен Плевнелиев од еврокомесарот Штефан Филе на нивната денешна средба. Плевнелиев ги обвини властите во Македонија дека не водат сметка за добрососедски односи не само со Бугарија, туку и со Грција и со тоа ги доведуваат во прашање и безбедноста и соживотот на Балканот. Филе по средбата изјави дека Македонија долго чека пред вратите на ЕУ и НАТО и не смее да биде оставена толку време надвор од евроинтегративните процеси, бидејќи како што вели, изолацијата на земјава го потхранува национализмот.
XS
SM
MD
LG