Достапни линкови

Деца - потенцијални жртви на трговија со луѓе


Центарот за социјална работа во Куманово спроведува активност за идентификување деца-потенцијални жртви на трговија со луѓе. Тимот кој работи на оваа проблематика досега идентификувал седум деца.

Во Куманово од јули годинава започна 15 месечна активност на два тима за идентификување и помош на деца потенцијални жртви на трговија со луѓе. До сега се идентификувани седум случаи, малолетни деца од улицата, велат во Центарот за социјална работа. Овој центар преку ресорното Министерство, во соработка со германското владино Друштво за интернационална соработка, претставници од невладиниот сектор и од локалната самоуправа е еден од трите пилот центри во државава.
Наидовме веќе на неколку случаи идентифицирани потенцијални жртви на трговија со луѓе, тоа се деца во ризик. До сега се седум лица на кои на некој начин им пружуивме помош. Овие деца обично се од ниските социјални слоеви, но има и од повисоките. Повеќе се од ромската етничка група.

Социјалните работници Елизабета Ангеловска и Даниела Младеновска велат дека се работи за теренска активност при што се идентификуваат потенцијалните и досегашните жртви на трговија со луѓе, нивно упатување, поддршка и услуги преку мултисекторка активност на сите расположливи ресурси. За таа цел според Ангеловска една од активностите која следи е:
Елизабета Ангеловска и Даниела Младеновска, социјалните работници во Центарот за социјална работа во Куманово.

Елизабета Ангеловска и Даниела Младеновска, социјалните работници во Центарот за социјална работа во Куманово.


„Прикажување на филмот „Ти си жива“ во средните училишта за да им се покаже на децата средношколци и оние во осмо одделение да осознаат на каков начин можат да влезат во синџирот на трговија со луѓе. Да осознаат за сензибилноста на оваа проблематика“, вели Ангеловска.

„Наидовме веќе на неколку случаи идентифицирани потенцијални жртви на трговија со луѓе, тоа се деца во ризик. Досега се седум лица на кои на некој начин им пружуивме помош. Овие деца обично се од ниските социјални слоеви, но има и од повисоките. Повеќе се од ромската етничка група“, додава Младеновска.
Доколку утврдиме дека тие се потенцијални жртви на трговија со луѓе правиме проценка на семејството дали тоа лице може да се врати затоа што не е исклучено и самите родители да бидат учесници во синџирот на трговија со луѓе, во таа измама во која дошло детето.

Таа посочува дека се работи главно за:

„Деца на улица, малолетни до 12-13 години. Ние постојано ги следиме,имаме средби, ги посетуваме во нивните домови, доаѓаат кај нас со родителите и старателите доколку ги имаат, разговараме кај нас,... Доколку имаат некоја потреба неостварена им помагаме со пакети со средства за лична хигиена, училишен прибор, ги запишувавме на училиште оние кои не беа запишани.“

РСЕ: Дали имало такви случаи во тие семејства?

„Ова се сите деца од дисфункционални семејства. Или живеат со еден родител, живеат со баба како старател, родителите се разведени, или го нема едниот родител.“

За децата од улица постојат и прифатни центри, а Ангеловска појаснува:

„Доколку утврдиме дека тие се потенцијални жртви на трговија со луѓе правиме проценка на семејството дали тоа лице може да се врати затоа што не е исклучено и самите родители да бидат учесници во синџирот на трговија со луѓе, во таа измама во која дошло детето. Доколку сметаме дека не може да се врати во семејството тоа останува во прифатен центар. Не го присилуваме детето да каже се наеднаш, туку има еден месец период за одлучување што се сака да каже детето и за тој период е најдобро детето да остане во прифатен центар.“

Дури потоа тимот ќе знае кои мерки ќе ги преземе за заштита на овие деца, вели Ангеловска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG