Достапни линкови

Европската Комисија ги негира тврдењата на Самарас


Европската комисија демантира дека Грција постигнала договор со меѓународните кредитори за пакетот мерки за штедење, но изрази надеж дека тоа наскоро ќе се случи. Портпаролот на еврокомесарот Оли Рен Сајмон О’ Конор изјави дека преговорите се уште траат и дека постојано се намалуваат бројот на отворените прашања, со што е уверен оти договорот наскоро ќе биде постигнат.
Грчкиот премиер Андонис Самарас вчера соопшти дека е постигнат договор со „тројката“ за пакетот мерки за заштеда на 13,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG