Достапни линкови

Вашингтон изрази загриженост за Пакистан


Aмериканскиот претставник во Обединатите Нации за заштита на човекови права, амбасадорот Елин Донаху

Aмериканскиот претставник во Обединатите Нации за заштита на човекови права, амбасадорот Елин Донаху

Вашингтон изрази сериозна загриженост за пакистанскиот насилен одговор кон сепаратистите во југозападната провинција Белутчистан . Ова денеска во Женева го соопшти американскиот претставник во Обединатите Нации за заштита на човекови права, амбасадорот Елин Донаху. Таа соопшти дека операциите на пакистанската војска во таа област се насочени кон „замолчување на луѓето“, и дека Пакистан треба да се осигура дека тие што се виновни за тортура, убиства и присилни изчезнувања на луѓе ќе бидат гонети кривично.
Денеска во ОН се разгледува извештајот за Пакистан кој што се подготвува на секои 4 години. Илјадници цивили, војници и бунтовници беа убиени во изминативе 8 години во тој регион каде што сепаратиетите се борат за независност и отцепување од Пакистан.
XS
SM
MD
LG