Достапни линкови

Украинската опозицијата повикува на бојкот на новиот Парламент


Партијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович освои 188 од 450-те пратенички места со освоените 30 проценти од гласовите на изборите. Веројатно е дека партијата ќе побара партнер за формирање на мнозинтво во Собранието за кое е потребно да има 226 пратеници. Членовите на партијата на затворената опозициска лидерка Јулија Тимошенко ги обвинија властите за фалсификување на изборите во неколку области во Украина. Опозициската партија која освои 104 пратенички места ја повика целата опозиција да го бојкотира новиот Парламент.
Украинскиот премиер Микола Азаров ги опиша изјавите како „чесни“ додека западните набљудувачи ги оценија како „ уназадување на демокартскиот прогрес во земјата.“
XS
SM
MD
LG