Достапни линкови

Клинтон:Прашањето за независноста на Косово не е за дискусија


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон смета дека независност на Косово „не е тема за дискусија“. Таа ова го изјави на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за надворешни рабори Кетрин Ештон во Приштина по средбата со премиерот Хашим Тачи.
Косово досега е призната од 90 земји од кои и 22 членки на ЕУ и САД. Клинтон и Ештон беа во посета на Приштина и Белград со цел да помогнат во придвижувањето на дијалогот меѓу тие две земји.
Во Белград вчера Клинтон изјави дека српските лидери треба да поработат на нормализирање на односите со Косово и дека тоа не значи оти треба да го признаат Косово. Тие дијалогот го оценија како мерка за „подобрување на животот.“
XS
SM
MD
LG