Достапни линкови

Филе: Хрватска да ја заврши домашната задача


Хрватска треба да ја заврши домашната задача пред да стане членка на ЕУ следното лето, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за германското списание „Шпигел“. Тој истакна дека извештајот на Европската комисија, кој беше објавен неодамна, претставувал сигнал за будење на Загреб, потенцирајќи дека процесот за присоединување може да биде запрен во секој момент. Филе додаде дека Хрватска треба да ја заврши домашната задача во областа на конкуренцијата, судството и основните права.
Филе изрази увереност дека Загреб се наоѓа на вистинскиот пат за влез во ЕУ следната година.
XS
SM
MD
LG