Достапни линкови

Во Авганистан убиени осуммина цивили


Осум цивили, главно жени, загинале денеска во експлозија на бомба поставена покрај еден пат во провинцијата Хелманд на југот на Авганистан. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбата ја поставиле талибански милитанти. Според податоците на Обединетите нации, од почетокот на годинава, досега во слични напади во Авганистан загинале над илјада сто и четириесет цивили.
XS
SM
MD
LG