Достапни линкови

Уставен ја потврди амнестијата за Хашките случаи


Илустрација.

Илустрација.

Судиите едногласно ја отфрлија иницијативата за оценување на уставноста на Законот за амнестија донесен во 2002, додека другата иницијатива за оценување на уставноста на автентичното толкување на Законот за амнестија била отфрлена со мнозинство гласови.

Уставниот суд ги отфрли двете иницијативи за оценување на уставноста на автентичното толкување на законот за амнестија. Судиите едногласно ја отфрлија иницијативата за оценување на уставноста на Законот за амнестија донесен во 2002, додека другата иницијатива за оценување на уставноста на автентичното толкување на Законот за амнестија била отфрлена со мнозинство гласови.
Со автентичното толкување на овој Закон со ништо не се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок на Македонија, како што сметаат подносителите на иницијативите.

Со автентичното толкување на овој Закон со ништо не се повредуваат темелните вредности на уставниот поредок на Македонија, како што сметаат подносителите на иницијативите, соопштија од Судот.

Со ваквото образложение се согласува и поранешниот уставен судија Бајрам Положани кој ги отфрли поединечните толкувања во јавноста дека доколку Уставниот суд го оцени законот за амнестија на Хашките случаи како неуставен, судовите ќе можат да започнат постапка против осомничените во Хашките случаи. Според Положани за првпат Уставниот суд расправал за толкување, а не за нормативен акт. Според него автентичното толкување е правно невалидно.
Уставниот суд, според Уставот, оценува нормативни акти, не оценува поединечни акти, ниту разни мислења и толкувања. Доколку тоа толкување се покаже дека било противуставно, ќе остане законот во сила, оти не се со тоа укинати одредби од закон, туку се толкуваат.

„Уставниот суд, според Уставот, оценува нормативни акти, не оценува поединечни акти, ниту разни мислења и толкувања. Доколку тоа толкување се покаже дека било противуставно, ќе остане законот во сила, оти не се со тоа укинати одредби од закон, туку се толкуваат, се објаснува содржината на законот“, објаснува Положани.
Уставен суд.

Уставен суд.


Во меѓувреме во медиумите се појавија информации дека Демократската Унија за интеграција е подготвена жестоко да одговори доколку судот одлучи да ја уважи иницијативата и поведе постапка. Според најавите ДУИ предупредува на институционална блокада, влошување на меѓуетничките односи, распад на владината коалиција и дестабилизација на општеството.

И професорката Мирјана Малеска се согласува дека доколку судот оценеше дека има повреда на уставноста, последиците ќе беа големи, како врз судиите, така и врз меѓуетничките односи.

Тие секако имаат свое автономно мислење, ама со оглед на начинот на кој се бирани ќе мора да водат сметка и за она што политичката партија на власт го има како став. Ќе бидат доведени во навистина многу, многу тешка ситуација.
Професор Мирјана Малеска се согласува дека ако судот оцени дека има повреда на уставноста, последици ќе има, прво врз судиите, а потоа и врз меѓуетничките односи.

„Па сите овие кризи на институции во врска со овие прашања кои се деликатни кај нас од меѓуетничка природа, сите тие се собираат камче по камче, можеби нема денес веднаш да ги влошат меѓуетничките односи, ама се собира.“

За нашите соговорници не е изнанадување тоа што судиите постапиле така, оти како што велат очекувано е тие да ги одбранат ставовите на партиите со чија поддршка собранието ги изгласало.

„Иницијативата требаше да се отфрли оти Собранието не донело никаков акт или одлука, туку донело толкување со кое ги разјаснило одредбите на Законот за амнестија“, изјави Положани.

„Тие секако имаат свое автономно мислење, ама со оглед на начинот на кој се бирани ќе мора да водат сметка и за она што политичката партија на власт го има како став“, изјави Малеска.

Владејачкото мнозинство минатото лето донесе закон со кој ги ослободи од кривична одговорност осомничените за четирите хашки случаи. Законот од кривично гонење ги спаси осомничените во предметите „Водство на ОНА“, „Мавровски работници“, „Липковска брана“ и „Непроштено“.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG