Достапни линкови

logo-print

Клинтон и Ештон денеска во Приштина


Хилари Клинтон и Кетрин Ештон пристигнуваат на аеродромот во Приштина

Хилари Клинтон и Кетрин Ештон пристигнуваат на аеродромот во Приштина

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон денеска, во рамките на нивната балканска турнеја, престојуваат во Приштина. Тие ќе се сретнат со претседателот на Косово Атифете Јахјага, премиерот Хашим Тачи, потпретседателот на косовската Влада Слободан Петровиќ и со лидерите на политичките партии. Клинтон и Ештон во Приштина пристигнаа од Белград, каде вчера порачаа дека Вашингтон и Брисел не бараат од Србија да ја признае независноста на Косово, но дека инсистираат на продолжување на дијалогот и на спроведување на она што ќе биде договорено. Клинтон и Ештон претходно беа во Сараево, а по Приштина ќе ги посетат Загреб и Тирана.
XS
SM
MD
LG