Достапни линкови

Претседателот Иванов на форум во Сочи


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов од денеска до петок ќе учествува на шестиот Меѓународен форум „Мир и спорт“ што се одржува во Сочи, Русија. Тој ќе се обрати на свечената церемонија на отворањето на форумот што и годинава се одржува под покровителство на принцот Алберт Втори од Монако.
На форумот е најавено учество на повеќе од 700 делегати од стотина држави, меѓу кои политички лидери, бизнисмени, претставници на меѓународните организации, граѓанското општество, Меѓународниот олимписки комитет и спортисти. Форумот „Мир и спорт“ е инициран во 2007 година со цел да придонесе кон одржување и негување на мирот во светот преку спортот.
XS
SM
MD
LG