Достапни линкови

logo-print

Дизни го купува Лукасфилм за 4 милијарди долари


Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека за 4 милијарди долари го купува „Лукасфилм“ продуцент на серијата филмови „Војни на ѕвездите“. Обелоденето е и тоа дека седмото издание на овој филм се планира да се појави во 2015 година. Џорџ Лукас, креаторот на „Војни на ѕвездите“ изјави дека дошло време овој филм да се најде во рацете на нова генерација филмаџии. Првиот филм на „Војни на ѕвездите“ се појави во 1977 година. „Дизни“ исто така ги добива правата на филмовите од серијата „Индијана Џонс“.
XS
SM
MD
LG