Достапни линкови

Клинтон: Косово е независно и нема да има промена на границите


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека за САД Косово е независна држава и оти нема да има промена на границите, но оти може многу да се постигне во процесот на подобрување на односите меѓу Белград и Приштина.
Клинтон по средбата со претседателот и премиерот на Србија, Томислав Николиќ и Ивица Дачиќ, нагласи дека Србите на Косово треба да имаат целосна поддршка во рамки на Косово и да ги зачуваат врските со Србија.
- Не сме тука да поставуваме услови, бидејќи немаме услови. Иднината на Србија е во рацете на Србите, но САД ќе се погрижат за таа иднина, за иднината на младите, паметни луѓе, додаде таа.
Американскиот државен секретар изрази поддршка за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ги повика двете страни да ги имплементираат досега постигнатите договори и да преземат конкретни чекори во насока на нормализирање на односите, посочувајќи дека тоа не значи барање за признавањена Косово.
XS
SM
MD
LG