Достапни линкови

Германија повика на обновување на преговорите за членство на Турција во ЕУ


Министерот за надворешни работи на Германија, Гвидо Вестервеле повика на обновување на замрзнатите разговори за пристапувањето на Турција во Европската унија. Вестервеле, зборувајќи на официјалното отворање на новата турска амбасада во Берлин, изјави дека се надева на "нов почеток" за преговори следната година. На отворањето на амбасадата присуствуваа и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој денеска се очекува да одржи разговори со германската канцеларка Ангела Меркел. Меркел и нејзината Демохристијанска унија партија се спротивставија на целосно членство на Турција во ЕУ, додека германскиот министер за надворешни работи го поддржа. Кандидатурата за членство на Турција беше официјално поднесена во 2005 година, но досега е направен многу мал напредок во разговорите, пред се поради противењето на клучните лидери во Германија и Франција и продолжување на спорот на Турција со Грција околу поделениот остров Кипар.
XS
SM
MD
LG