Достапни линкови

logo-print

Барак: Иран избегна воен конфликт


Ехуд Барак, министер за одбрана на Израел

Ехуд Барак, министер за одбрана на Израел

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изјави дека Иран се повлекува од напорите да изгради нуклеарно оружје спречувајќи можна воена конфронтација засега. Во интервју за британскиот весник "Дејли телеграф", Барак изјави дека непосредна криза била избегната во текот на летото, кога Иран одлучи да користи повеќе од една третина од збогатениот ураниум за цивилни цели.
Барак изјави дека иранскиот потег е само одложен од она што тој го нарекува "момент на вистината" од "осум до десет месеци" и додаде дека Израел и неговите сојузници можеби ќе треба да се соочат со Иран повторно во текот на летото на 2013 година. Иран ги отфрла обвинувањата од Израел и Западните земји дека се обидува да изгради атомско оружје.
XS
SM
MD
LG