Достапни линкови

Италија подготвува нов закон за борба против корупцијата


Италијанските пратеници го одобрија владиниот предлог со кој по скратена постапка ќе се носи нов закон за борба против корупцијата. Долниот дом го поддржа законот со 460 гласови и тоа во период кога Италија се соочува со најтешкиот корупциски скандалво последните 20 години. Најновиот бран од истрагата поврзана со корупција опфаќа неколкумина локални и регионални политичари.
Минситерот за правда Паоло Северино вети дека ќе го заостри законодавството со цел луѓето кои ќе бидат осудени за одредени кривични дела да не можат да се кандидираат за извршување на јавни функции.
XS
SM
MD
LG