Достапни линкови

Ракометарите ги почнуваат квалификациите за ЕП


Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.
Претседателот Ѓорге Иванов им ја честита победата на ракометарите кои во Белград ја совладаа Полска со 27-25 на ЕП во Србија на 23 јануари 2012 година.

Со мечот против Швајцарија, ракометарите вечерва ги почнуваат квалификациите за Европското првенство. Меѓу играчите и Ракометната федерација постојат големи тензии.

Машката ракометна репрезентација го очекува денешниот старт на квалификациите за ЕП во Данска во 2014 година со голема тензија на релација играчи - РФМ. Проблемите ги обелодени капитенот Кирил Лазаров, кој на вчерашнaтa прес-конференција говореше за незадоволството од односот на првите луѓе во Федерацијата, што кулминирало на завчерашната средба, по која двајца од играчите го напуштиле националниот тим.
Првите две места и ние ги имаме зацртано. Можеби сме благи фаворити после Шпанија, која е прв фаворит за првото место во оваа група. Сепак, ние сме втора по квалитет репрезентација и по рејтинг. Мислам дека ќе го докажеме тоа на терен. Сепак, мислам дека Швајцарија и Португалија се квалитетни репрезентации, ќе ни направат проблем, но ние треба да бидеме сконцентрирани на нашата игра. Ако одиграме онака како што знаеме, мислам дека не би требало да биде проблем.
Филип Миркуловски, ракометен репрезентативец.

Сепак, на молба на капитенот, играчите, чии имиња јавно не се соопштуваат, се вратиле во репрезентативниот табор, каде што очигледно скоро и не се мисли на ракомет.
Македонските ракометари на ЕП во Србија во јануари годинава.
Македонските ракометари на ЕП во Србија во јануари годинава.

Токму поради тоа, а за атмосферата да не се влошува дополнително, Лазаров и другарите решиле јавноста за сите детали да ја информираат наредните денови со официјално соопштение потпишано од сите играчи. Дотогаш, колку е можно во една ваква ситуација, ќе се обидат вниманието да го насочат кон квалификациите, во кои за пласман на ЕП треба да го освоиме најмалку второто место во конкуренција на Шпанија, Португалија и на Швајцарија.

Според домашните љубители на спортот, тоа не би требало да биде посериозен проблем за репрезентацијата која на јануарското Еуро во Србија го освои петтото место, а во јуни обезбеди пласман на претстојното СП во Шпанија. Тоа мислење го делат и репрезентативците, кои се свесни дека сè зависи од нив.

„Првите две места и ние ги имаме зацртано. Можеби сме благи фаворити после Шпанија, која е прв фаворит за првото место во оваа група. Сепак, ние сме втора по квалитет репрезентација и по рејтинг. Мислам дека ќе го докажеме тоа на терен. Сепак, мислам дека Швајцарија и Португалија се квалитетни репрезентации, ќе ни направат проблем, но ние треба да бидеме сконцентрирани на нашата игра. Ако одиграме онака како што знаеме, мислам дека не би требало да биде проблем“, изјави еден од нашите најголеми адути, бекот Филип Миркуловски.

Тој и неговите репрезентативни колеги првиот квалификациски тест ќе го имаат вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“, каде што ќе се соочат со Швајцарија. Според рејтингот, тоа е најслабата селекција во нашата група, но и противник кој може да биде многу незгоден доколку се потцени. Тоа го имаме почувствувано и на своја кожа со пораз во меѓусебен дуел, а причина плус за внимателност е отсуството на суспендираниот голман Борко Ристовски, како и на повредените Наумче Мојсовски и Никола Маркоски.

Сето ова бара сериозен однос, но и не го намалува оптимизмот кај избраниците на селекторот Звонко Шундоски.

„Сепак ние сме петти во Европа и пред оваа седумилјадна публика, се надевам дека ќе биде полна цела сала, не смееме да си дозволиме кикс. Без разлика, секако дека нас сите играчи ни се многу битни во оваа репрезентација, еден да фали, нас многу ни фали. Меѓутоа се надеваме дека ќе собереме сили, ќе издржиме и дека ќе го победиме тој натпревар и секако дека кога се стартува со два бода, за понатаму е се полесно“, истакна крилото Дејан Манасков.
XS
SM
MD
LG