Достапни линкови

logo-print

Изготвен грчкиот предлог буџетот за 2013 година


Грчката владата утре ќе го достави во Парламентот предлог буџетот за следната година. Се очекува буџетот да вклучува мерки за штедење во вредност од околу 9,5 милијарди евра од пакетот во износ од 13,5 милијарди евра, договорен меѓу Атина и „тројката“ кредитори. Во него ќе бидат намалени пензиите, бонусите и даночните олеснувања. Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарис изјави дека сите мерки од овој пакет ќе бидат изнесени пред Парламентот следната недела.
Од 2008 година досега економијата на Грција има забележано пад од 25 отсто. За следната година е предвидено намалување на многу државни трошоци, вклучувајќи ги пензиите и социјалната помош. Целта е во 2013 и 2014 година да бидат заштедени 11,5 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG