Достапни линкови

Ештон: Белград да го продолжи дијалогот со Приштина


Еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон при денешната посета на Белград ја повика Србија да го продолжи дијалогот со Косово, додавајќи дека продолжувањето на преговорите и нормализацијата на односите меѓу двете земји не значи признавање на незавиноста на Косово. Таа истакна дека нејзината посета заедно со американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја изразува нивната заедничка желба да ја видат Србија како дел од ЕУ. Тие во Белград се сретнаа со српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Ивица Дачиќ.
XS
SM
MD
LG