Достапни линкови

Пратениците и утре ќе расправаат за Извештајот


Пратенициите и утре ќе расправаат за извештајот за напредокот на Македонија. Во текот на денешната расправа опозицијата ја обвини власта дека земјата не ги искористила парите што и стојат на располагање од ЕУ поради недоволно добри проекти, тие укажаа на констатираните неправилности кај судството, јавните набавки во делот на анексите и на непостапување по наодите од Државниот завод за ревизија, за сиромаштијата и невработеноста.
Пратеници од мнозинството сметаат дека во Извештајот се констатирани мали недостатоци и дека тоа е најпозитивниот извештај досега, односно дека тоа е главната причина за предложеното преминување во втора фаза на спроведувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
XS
SM
MD
LG