Достапни линкови

Најмалку 28 жртви од ураганот „Сенди“


Ураган „Сенди“во САД однесе најмалку 28 жртви во првите 24 часа откако го погоди источниот брег на САД и предизвика големи материјални штети што според првичната проценка изнесуваат околу 20 милијарди долари. До сега околу 6 милиони луѓе останаа без струја. Во Њујорк поплавени се метроата и тунелите. Неколку нуклеарни реактори се исклучени поради безбедносни причини. Претседателот Барак Обама објави „ катастрофа“ во Њу Џерси и Њујорк. На една недела пред претседателските избори речиси е прекина предизборната кампања. Обама ги откажа за среда закажаните предизборни активности, додека неговиот опонент Мит Ромни ќе се појави барем на еден предизборен термин - во сојузната држава Охајо.
XS
SM
MD
LG