Достапни линкови

Клинтон со негативна оценка за изборите во Украина


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ги оцени изборите во Украина како „чекор назад“ и го повика државното раководство да преземе мерки за да се справи со ова „лизгање назад“. Партијата на украинскиот претседател Виктор Јанукович победи на изборите со освоени 31,2 проценти од гласовите. Претходно набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина соопшти дека изборите го „уназадија“ украинскиот демократски прогрес и ги обвини владечките политичари за злоупотреба на административните ресурси со кои влијаеле врз резултатот од изборите.
Партијата на затворената Јулија Тимошенко освои 25 проценти , додека пак партијата на Виталиј Клично е на трето место со 13, 64 процети пред Комунустичката партија која освои 13,55 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG