Достапни линкови

Прилепскиот Тутунски комбинат се ослободува од долговите


Тутунски комбинат се ослободи од долг од околу 32.600.000 евра подобрувајќи го својот статус пред потенцијалните стратегиски инвеститори. Сепак останува проблемот со превработеноста, велат менаџерите.

Заврши конверзијата на побарувањата на државата од прилепскиот загубар, Тутунски комбинат. Па, оваа компанија со 1080 вработени, која чекор по чекор финансиски се консолидира, се ослободи од еден огромен товар, подобрувајќи го својот статус пред потенцијалните стратегиски инвеститори. Целата постапка е заокружена, откако акционерите на Собрание ги потврдија договорот и записниците со државните институции кон кои компанијата имала обврски.
Конверзијата е завршена, што значи Тутунски Комбинат е растерен од долг од околу 32.600.000 евра обврски кон УЈП и Царинската Управа. Се разбира со ова големо растеретување Кoмбинатот станува поатрактивен за евентуален стратегиски инвеститор.
Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп.


„Конверзијата е завршена, што значи Тутунски Комбинат е растерен од долг од околу 32.600.000 евра обврски кон УЈП и Царинската Управа. Се разбира со ова големо растеретување Кoмбинатот станува поатрактивен за евентуален стратегиски инвеститор“, потенцира генералниот директор Александар Дерменџиев.
Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.
Александар Дерменџиев, генералeн директор на Тутунски Комбинат-Прилеп.

Со цел да се добие реална слика за побарувањата, обврските и залихите на компанијата, отпишани се и фиктивните побарувања и залихи на Комбинатот, поточно нивното нереално прикажување со години во завршните сметки на фирмата.
Независно од процесот на приватизација, менаџментот на Тутунски Комбинат прави напори да се стабилизира комбинатот, во смисла да се намали генерирањето на загубите, тој е главниот проблем, главниот терет кој не притиска. Идејата е тоа да не се прави по цена на отпуштање работници, иако е јасно дека главната причина за генерирање на загубите е пребработеноста во однос на постоечкиот обем на производство што го има Комбинатот.
Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунски комбинат Прилеп.


„Со завршната сметка за 2011 година, отпишавме преку 20 милиони евра, и конечно прв пат по подолг временски период добивме, на коригираната завршна сметка, позитивен ревизорски извештај за консолидираниот биланс на акционерското друштво, но и двата доела“, додава директорот Дерменџиев.

Сите овие чекори на менаџерскиот тим и Владата се во правец на подобрување на статусот на компанијата пред инвеститорите, велат менаџерите. Се негуваат надежи дека ќе се зголеми обемот на производство, зашто речиси секојдневно доаѓаат деловни партнери кои покажуваат сериозен интерес, во Комбинатот да произведуваат дел од своите лиценцирани брендови.

„Тој процес не е едноставен и не е брз, самата постапка на правење нов лиценцен бредн е доста сложена и одзема време, со неколку нови партнери веќе сме во поодмината фаза од истата и очекуваме дека тие договори ќе вродат со плод“, оценува Дерменџиев и додава дека најголем е интересот од блискоисточниот, африканскиот, но има компании заинтересирани и за европскиот пазар. Во таа насока веќе се направени успешни проби, за самогасечка цигарна хартија, што значи дека компанијата ги задоволува критериумите и стандарди на европскиот пазар.

А, договорот со кинескиот партнер „Хонге Хонге Тобако Груп“ за производство на два кинеска бренда едноставно придонесе компанијата да се врати на картата на релевантни тобако производителите, зашто има капацитет, знаење, можност за производство на конкурентен производ. Сепак останува проблемот со превработеноста, велат менаџерите.

„Независно од процесот на приватизација, менаџментот на Тутунски Комбинат прави напори да се стабилизира комбинатот, во смисла да се намали генерирањето на загубите, тој е главниот проблем, главниот терет кој не притиска. Идејата е тоа да не се прави по цена на отпуштање работници, иако е јасно дека главната причина за генерирање на загубите е пребработеноста во однос на постоечкиот обем на производство што го има Комбинатот“, вели генералниот директор Дерменџиев, во очекување што поскоро Владата да распише тендер за продажба на овој сега веќе во голема мера консолидиран прилепски загубар.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG