Достапни линкови

Клинтон: Иднината на БиХ е во ЕУ и НАТО


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска во Сараево изјави дека влезот на БиХ во ЕУ и НАТО ќе биде најдобар начин за обезбедување на стабилноста во државата. Таа ги критикуваше лидерите на босанските Срби за, како што вели, нивниот постојан обид за расцепување на државата. Таа истакна дека е тотално неприфатливо што босанскиот територијален интегритет се уште се поставува како прашање по завршувањето на војната во 1995 година.
Таа денеска се сретна со претставницте на трипартиното претседништво.
БиХ е единствена земја од Балканот која што допрва ќе аплицира за членство во Унијата. Клинтон и еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон од Сараево заминуваат во Белград.
XS
SM
MD
LG