Достапни линкови

Обама објави катастрофа во Њујорк и Њу Џерси


Претседателот Барак Обама објави „ катастрофа“ во Њу Џерси и Њујорк откако ураганот Сенди го погоди источниот брег на САД. Преземени се мерки со кои фондовите за вонредни ситуации се отворени за оние кои што се најзагрозени од ударот. Сенди е најголемата бура која досега го погодила брегот на САД. Најмалку 16 луѓе загинаа во изминативе 24 часа. Најмалку 6 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Во Њујорк поплавени се метроата и тунелите. Неколку нуклеарни реактори се исклучени поради безбедносни причини. Ураганот приближувајќи се кон брегот изгуби на својата јачина но се уште е опасен.
XS
SM
MD
LG