Достапни линкови

Ноември во знакот на „Eсенски музички свечености“


Со идеја за збогатување на концертната понуда и поквалитетен културен живот, за комуникација и афирмација на македонското музичко творештво во пошироки рамки, од 2 до 30 ноември, на неколку сцени во градов, ќе се одржат 13-те интернационални „Есенски музички свечености“. На манифестацијата што ја организира Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје со другите национални институции, годинава учество ќе земат врвни уметници од земјава и од странство.

За почеток на манифестацијата предвиден е камерниот концерт „Од творештвото на композиторската класа на професор Зоографски“ што во петок ќе се одржи во Музеј на град Скопје. Соорганизатор на случувањето е Фондацијата „Томислав Зоографски“, а со дела на основоположникот на македонската композиторска школа и неговите ученици Живојин Глишиќ, Јана Андреевска и Панде Шахов, ќе се претстават нашите врвни уметници Симон Трпчевски, Весна Гиновска Илкова, Ана Гацева и други.
На тој начин се воспоставуваше таа комуникација на нашето творештво со странските уметници, се воспоставуваа контакти кои траат до ден денес и кои продолжуваат во рамките на другите проекти што ги работиме во Дирекцијата. Сметаме дека во таа смисла сме на вистинскиот пат и дека така треба и ќе продолжиме.


Следуваат концертот „Од студентскиот опус на нашите професори“ и потем изведбата на обновената опера во два дела „Лидија од Македонија“ од Ристо Аврамовски, за која либретото го напишаа Ги Шелеи и Дора Петрова од Франција, режисер е Пламен Карталов од Бугарија, а диригент со оркестарот на МОБ – Алесандро Д Агостини од Италија. Тука се и рециталите на пијанистките Елена Костова и Ана Велиновска, перформансот на квартет „Крајот на времето“, „Танго импресиите“ на дуо „Пан“ и така со ред.
Дел од операта „Лидија од Македонија“

Дел од операта „Лидија од Македонија“


Ова 13-то издание на „Есенски музички свечености“, преку концертот именуван како „Книга која се пее“, на публиката ќе и понуди и средба со Антологијата на српската соло песна, а програмата ќе биде збогатена и со изведбата на гудачкиот квартет „Софија“ од соседна Бугарија, кој ќе се претстави со дела на Хајдн, Бетовен, Михаил Пеков и Ценко Минкин.
Оркестарот, чалгиите, пејачката група и солистите на „Танец“ ќе не потсетат на она што навистина можеме да кажеме дека е класика во македонската музика – македонската народна музика, а со иста таква концепција е е концертот на групата „Љубојна“ која ќе ни се претстави со она што е најнов нивни проект, албумот „Љубојна брас фантази“, во кој што е опфатена музиката од Егејскиот дел на Македонија.

Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност на град Скопје, организаторите на манифестацијата, забележува дека во годините наназад покрај тоа што се обидувале да го претстават македонското творештво и домашните уметници, тие вложувале напори да овозможат информација повеќе за публиката и потпишале над триесеттина коцерти со гости учесници од странство кои што исполнувале дела од светската литература, но и композиции од нивното творештво, а неретко посегале и по творбите на нашите музички творци.

„На тој начин се воспоставуваше таа комуникација на нашето творештво со странските уметници, се воспоставуваа контакти кои траат до ден денес и кои продолжуваат во рамките на другите проекти што ги работиме во Дирекцијата. Сметаме дека во таа смисла сме на вистинскиот пат и дека така треба и ќе продолжиме.“

Потпирајќи се на потребата во рамките на овој фестивал да бидат вткаени и поинтензивно да се развиваат сите посебности на македонската музичка култура, организаторите овојпат ни ги нудат концертот „Во чест на легендите на македонската песна“ што во понеделник, од 20 часот, во Драмски театар ќе го одржи Ансамблот за народни песни и игри на Македонија „Танец“ и промоцијата на новиот албум на групата „Љубојна“ најавена за 20 ноември во Универзална сала, перформанс подготвен во тесна соработка со Центарот за култура од Битола.

„Оркестарот, чалгиите, пејачката група и солистите на „Танец“ ќе не потсетат на она што навистина можеме да кажеме дека е класика во македонската музика – македонската народна музика, а со иста таква концепција е е концертот на групата „Љубојна“ која ќе ни се претстави со она што е најнов нивни проект, албумот „Љубојна брас фантази“, во кој што е опфатена музиката од Егејскиот дел на Македонија. Нивната концепција, содржина и програма навистина заслужуваат место и простор во рамките на оваа манифестација“, дополнува Глигоров.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG