Достапни линкови

logo-print

Руска НВО тврди дека методите на Сталин се уште се користат


Руска организација за заштита на човекови права денеска предупреди дека руските лидери користат методи од ерата на Сталин против опозицијата. Во нивното соопштение е наведено дека „руските власти во изминативе недели покажаа дека главни алати во нивното владеење се апсења, судови и кампови.“ Овој коментар доаѓа откако двете членки на панк групата Пуси Рајот беа испратени во работни кампови како дел од нивната казна затвор, поради протестот против рускиот претседател Путин кој го одржале во црква во Москва. Тие беа осудени за хулиганство и повредна на верски чуства.
Во меѓувреме голем број на опозициски политичари се соочуваат со обвиненија и истраги за кривични дела.
Денеска во земјатa се одбележува Денот на жртвите од политичката репресија во поранешниот Советскиот Сојуз.
XS
SM
MD
LG