Достапни линкови

logo-print

Лазаров: Тешко е да се биде капитен на 20 незадоволни играчи


Претседателот Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.

Претседателот Иванов им додели на ракометарите медал за заслуги за Македонија за освоеното петто место на ЕП што се одржа во Србија.

Капитенот на македонската ракометна репрезентција Кирил Лазаров денеска пред дуелот со Швајцарија јавно побара од Федерацијата подобрување на условите за работа. Тој изјави дека во репрезентацијата има многу проблеми кои ќе ги соопштат во следните неколку дена, но дека му е тешко да биде капитен на 20 незадоволни играчи и да ги бодри за победа.
Лазаров додаде дека по вчерашниот неуспешен состанок со претставниците на Федерацијата, двајца играчи сакале да ја напуштат репрезенатцијата но тој и селекторот ги замолиле да останат заради тимот.
Лазаров истакна дека како никогаш досега располагаат со квалитетни играчи кои може да постигнат големи резултати но со она што им се случува во моментов нема да стигнат далеку ако не наидат на слух од Федерацијата.
Селекторот Ѕвонко Шундовски побара од играчите да дадат се од себе во натпреварот за победа затоа што започнува нов циклус на квалификации за Европското првенство во Данска и тоа е убава шанса за да се задржи континуитетот на големите натпреварувања.
Натпреварот Македонија - Швајцарија се игра утревечер од 20 часот во Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.
XS
SM
MD
LG