Достапни линкови

Клинтон и Ештон ги почнаа разговорите во БиХ


Американскиот државниот секретар на Хилари Клинтон и еврокомесарот за надворешна политика Кетрин Ештон денеска во Сараево се сретнаа со претставникот на меѓународната заедница за БиХ Валентин Инцко и специјалниот претставник на Унијата за БиХ Петер Соренсен. Новинскaта агенција МИА јавува дека состанокот во американската амбасада во Сараево се оддржал зад затворени врати.
Клинтон и Ештон денеска треба да се сретнат и со членовите на Претседателството на БиХ. Се очекува Клинтон да побараат да се почитува Дејтонскиот мировен договор, да не се отвораат прашања за иднината на земјата, и да се спроведуваат побараните реформи.
XS
SM
MD
LG