Достапни линкови

Загинаа два војника на НАТО во Авганистан


Безбедносните сили на НАТО во Авганистан соопштија дека маж облечен во авганистанска полициска униформа убил двајца војници во јужниот дел на земјата. ИСАФ мисијата не ги соопшти националностите на загинатите војници. Новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на извор од авганистанската полиција јавува дека загинатите војници биле Британци. Над 50 припадници на ИСАФ мисијата беа убиени годинава од членови на авганистанските безбедносни сили. Таквите напади ја намалија довербата во коалицијата при повлекувањето на трупите до крајот на 2014 година.
XS
SM
MD
LG